фото: ФК Вардар

ВИДЕО: Фудбалерите на Вардар одиграа реми против Свонси

Денеска фудбалерите на Вардар одигра нерешено со резултат 1:1 против екипата на Свонси.

Тоа беше последниот натпревар за скопските „црвено-црни“ на подготовките во Словенија.

Вардар успеа да дојде до водство во 21 минута, а стрелец на погодокот беше новото засилување Дианеси.

Велшкиот клуб успеа да го избегне поразот во второто полувреме, односно за израмнување се погрижи Франко во 61 минута.

Стартниот состав на Вардар против Свонси: Гачевски, Мишковски, Ѓуриќ, Ѓурковски, Ќосиќ, Мицевски (к), Дурански, Дошев, Шарковски, Закариќ, Дианеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот