
ВИДЕО | Французинката за која сите зборуваа излезе во јавност: „Да, јас му дадов 830 илјади евра на лажниот Бред Пит“
Богата Французинка стана жртва на онлајн љубовна измама во која измамници, користејќи вештачка интелигенција за да го имитираат холивудскиот актер Бред Пит, ѝ одзеле повеќе од 830.000 евра. Наместо да најде љубов, 53-годишната Ан Денојшатeл остана без пари, а животот ѝ се претвори во кошмар.
Препорачано
Дизајнерката на мебел, која подоцна стана и авторка на книга со наслов „Повеќе нема да бидам план“ (Je ne serai plus une proie), откри дека паднала во замката во момент кога била во несреќен брак со „себичен и манипулативен милионер“. Самотијата и емоционалната празнина ја направиле ранлива – токму тоа го искористиле измамниците кои ѝ се јавиле преку порака, претставувајќи се како мајка на Пит.
По запознавањето, започнала комуникација преку апликацијата Телеграм, каде што „Бред“ ја опсипувал со романтични пораки и љубовни песни.
„Се одвоив од својата вистинска личност за да живеам во фантазија. Чувствував дека конечно сум сакана“, вели таа.
Така, кога измамникот почнал да бара пари – прво за „царински трошоци“ на подароци кои никогаш не пристигнале, а потоа за „болничко лекување од рак“ и наводни „казни за одложени филмски снимања“. Денојшатeл без двоумење праќала средства.
За период од април 2023 до јуни 2024 година, таа префрлила речиси 700.000 фунти. „Бред“ ѝ испраќал дури и фотографии генерирани со вештачка интелигенција од болнички кревет. На крај, кога ја побарал сумата од 13.000 фунти за приватен авион, сфатила дека нешто не е во ред и случајот го пријавила во полиција.
Истражителите откриле дека зад измамата стојат тројца мажи кои живеат во луксузна вила во Нигерија. Последната порака што ја добила звучела како иронија.
„Љубов моја, мојот Телеграм профил го хакираа измамници. Сега ќе направам сè за да бидеме безбедни. Жалам ако моето отсуство предизвика проблеми“, гласела пораката.
Иако останала без огромна сума пари и се соочила со депресија, Денојшатeл вели дека од сето ова произлегло барем едно добро – конечно се развела од сопругот и решила да почне нов живот, заколнувајќи се дека „никогаш повеќе нема да биде плен“.