
ВИДЕО | Франција одбележа 10 години од нападите врз „Шарли Ебдо“: Ако сакате да се смеете, сакате да живеете!
Франција одбележа 10 години од терористичките напади кои го таргетираа сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“. Претседателот Емануел Макрон и градоначалничката на Париз Ан Хидалго ја водеа комеморацијата во поранешните простории на редакцијата, каде две вооружени лица поврзани со Ал Каеда извршија терористички напад со десетина жртви во јануари 2015 година.
Препорачано
Нападот врз сатиричниот неделник ја шокираше земјата и беше повод за жестока дебата за слободата на изразување и религијата. Вооружените напаѓачи користеа оружје АК-47. Макрон и Хидалго го запаметија и Ахмед Мерабет, муслимански полицаец кој ги обезбедуваше просториите на редакцијата и беше егзекутиран додека молеше за својот живот, една од најшокантните снимки запаметени од овој трагичен настан.
Дванаесет лица загинаа во нападите, вклучително осуммина од уредничкиот состав. Нападот врз „Шарли Ебдо“ беше проследен со уште еден поврзан настан – држење во заложништво во еврејски супермаркет во источен Париз од страна на трето вооружено лице на 9 јануари 2015 година, каде загинаа четири лица.
Крвопролевањето претставуваше темен период за Франција во кој екстремистите инспирирани од Ал Каеда и Исламска Држава предизвикаа религиозни тензии.
Денешниот ден, не е по секоја цена тажен. Добро е дека 10 години подоцна, уште многу добро можеме да ги запаметиме оние кои загинаа на 7 јануари, рече Фредерика Волински, ќерка на францускиот познат карикатурист и соработник на „Шарли Ебдо“ Џорџес Волински.
„Шарли Ебдо“ објави специјално издание за одбележување на десетгодишнината од нападот, со насловна страница на која се наоѓа карикатура и пишува „Неуништливи!“. Во типично провокативен потег, атеистичката публикација исто така организираше конкурс на кој бара да се испраќаат „најсмешните и најзлочести“ карикатури од религиозни личности.
„Сатирата има магија, која што овозможува да поминеме низ овие трагични години“, пишува во еден од едиторијалите на неделникот, напишан од уредник кој го преживеа нападот.
Ако сакате да се смеете, значи дека сакате да живеете, додава тој.
Нападот врз „Шарли Ебдо“ од страна на двајца браќа родени во Париз, од алжирско потекло, беше претставен како одмазда за тоа што неделникот објави карикатура со Пророкот Мухамед.