Пожар во Скопско / илустрација / Фото: Читатели на „Слободен печат“

ВИДЕО/ФОТО: Пожарот во Скопско се шири на повеќе локации, жителите ги бранат црквите

Големиот пожар кој зафати делови од Скопско кон Блаце и границата со Косово, се шири кон селата кои се поблиску до градот, а во моментов гори на три локации. Луѓето се организираат заедно со пожарникарите за да ги бранат од огнот црквите и манастирите во областа, јавуваат жители на селата и читатели на „Слободен печат“.

Според нив, три хеликоптери го гасат пожарот попладнево, а голема штета имало во селото Чучер. Загрозени се и Глуво, Бразда и повеќе други места.

Пожар во Скопско / Фото: Читатели на „Слободен печат“

Сведоците на ширењето на огнената стихија велат дека во повеќе села во областа буквално е неиздржливо од чадот, правот и пепелта кои се во воздухот, па еден дел од жителите, посебно оние кои имаат деца, ги напуштиле домовите.

Пожар во Скопско / Фото: Читатели на „Слободен печат“
Пожар во Скопско / Фото: Читатели на „Слободен печат“
Пожар во Скопско / Фото: Читатели на „Слободен печат“
Пожар во Скопско / Фото: Читатели на „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот