Грабеж на златарница во Калифорнија/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Филмски грабеж во Калифонија: Повеќе од 20 маскирани мажи упаднаа во златарница

Видео од безбедносни камери покажува филмски грабеж во златарница во Калифорнија од страна на група од околу 30 маскирани мажи, објави Ен-би-си.

Видеото ги прикажува мажите со качулки како влегуваат во златарницата „Хелер“ во градот Сан Рамон, источно од Сан Франциско, кршат витрини и си заминуваат за нешто повеќе од една минута со плен вреден повеќе од еден милион долари.

Бидејќи, всушност, вратата од златарницата била затворена од безбедносни причини, еден од разбојниците отворил оган за да го обезбеди нивното бегство.

Локалната полиција верува дека грабежот бил однапред смислен, бидејќи сторителите пристигнале во златарницата со шест различни возила, кои биле паркирани на околу 30 метри од влезот на продавницата.

Следела потера, но била запрена бидејќи се сметало дека претставува опасност за граѓаните, бидејќи автомобилите на сторителите достигнале брзина поголема од 160 километри на час додека се движеле по главните патишта.

Сепак, дрон успеал да сними важни информации како што се автомобилите на разбојниците, како и самите разбојници.

Досега, полицијата уапси седум осомничени, вклучувајќи и еден малолетник. Осомничените – сите од Окленд – се на возраст меѓу 17 и 31 година и се осомничени за вмешаност во слични кривични дела низ целиот регион.

Полицијата, исто така, заплени два пиштола и дел од украдениот накит за кој се верува дека го испуштиле или фрлиле крадците за време на нивното бегство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот