Осомничениот за убиството на Чарли Кирк - Извор - ФБИ

ВИДЕО | ФБИ објави снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк – се гледа како трча по покривот и бега во шумата

На прес-конференцијата што заеднички ја одржа гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, со помош на ФБИ, за прв пат беше споделено видеото на осомничениот, или „лицето од интерес“ во истрагата за атентатот врз Чарли Кирк.

Гувернерот на државата Јута изјави дека ги прикажуваат овие информации со цел „да добијат помош од јавноста“ во пронаоѓањето на „злото човечко суштество“, пренесува Телеграф.рс.

Видеото започнува со снимка од зградата од која е испукан истрелот во кој е убиен Кирк.

Лице облечено во црно се гледа како трча преку покривот до аголот на зградата, каде што се спушта преку работ и на тревата подолу, пред да оди до блискиот пат и да исчезне во шумата.

Властите велат дека осомничениот носел очила за сонце, чевли „Конверс“ и „препознатлива“ црна маица со американско знаме и орел на неа.

„Бараме само соработка од јавноста. Добиваме разни извештаи од јавноста, тие ни даваат индиции и ни овозможуваат да ја продолжиме истрагата“, рече висок функционер на истрагата.

Судејќи според истражителите, се чини дека повеќе нема сомнение дека „лицето од интерес“ прикажано на камерата станало и главен осомничен.

Гувернерот Кокс рече дека истражителите спровеле речиси 200 испрашувања во врска со случајот, додека 20 партнери за спроведување на законот работат на истрагата.

„Обвинителите ќе бараат смртна казна за напаѓачот“, рече тој.

Порано, властите соопштија дека се верува дека напаѓачот скокнал од покривот и избегал во населбата откако испукал еден куршум.

Тие исто така рекоа дека осомничениот е маж кој „се чини дека е на возраст за студирање“ и се вклопил во кампусот на Универзитетот Јута Вали во Орем, каде што беше убиен Кирк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот