ВИДЕО: Фармацевтскиот инспекторат на Косово ги чисти аптеките во Северна Митровица, граѓаните се револтирани

Граѓаните од Северна Митровица се обидуваат да ги спречат инспекторите од Фармацевтскиот инспекторат на Косово да извршат увид. Заради напнатата сутуација полицијата ги придружува инспекторите, пренесуваат косовските медиуми.

Портпаролот на Министерството за здравство, Фаик Хоти, за klankosova.tv го потврди увидот и рече дека за овој случај извештај ќе дадат Инспекторатот и полицијата.

„Имаше инспекција од фармацевтскиот инспектор поддржана од косовската полиција и косовската царина во аптека во северно Косово. Инспекторатот и полицијата ќе направат извештаи за увидот.

Порталот на српски јазик „Косев“ објави видео од инспекцијата каде се гледаат припадници на косовската полиција како се спротивставуваат на некои граѓани кои се обудуваа да ја попречат акцијата.

Портпаролот на полицијата, Бесим Хоти, за klankosova.tv изјави дека немало физички судир меѓу службените лица и граѓаните.

„Полицијата им помагаше инспекторите за економски криминал и на другите единици кои имаа контрола врз аптека. Имаше собир на претставници на други аптеки во градот, но немаше физички судири.

Граѓаните што протестираат упатија навредливи зборови до дежурните инспектори. Како што пренесува „Косев“ повеќе сопственици на други аптеки ги затвориле објектите пред да пристигнат инспекторите кај нив.

Сопственикот на аптеката во која инспекторите успеаја да влезат, Благоје Савиќ рече дека причината за денешната акција е од политички карактер.

– Регистриран сум и плаќам данок. Тие бараат сите лекови и добра да бидат од Косово, а тоа е невозможно. Нашите здравствени работници и лекари препишуваат други лекови и здравствениот систем на Косово и Србија не е ист. Прво, лекарите треба да се префрлат на нивниот здравствен систем, а дури потоа аптеките – рече Савиќ.

Според сознанијата на Слободен печат на северот на Косово има повеќе диви гранични премини кои се користат за шверц на разни продукти, вклучувајќи и лекови со сомнително потекло.

Здравјето нема цена, но иако успеете да соберете најмалку 12000 евра за лекување во приватна болница не значи дека ќе го добиете лекот

Оваа инспекција се случува откако Слободен печат почна истрага за лекот „Фавира“ што ја продлолжија новинарите на емисијата Код.

 

Полицијата конфискуваше голема количина шверцувани лекови во Витина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!