Фото: Screenshot

ВИДЕО | Фантастичен настап на Даниела Алексовска на ММА спектаклот во Скопје: Победи уште во првата рунда!

Македонската ММА натпреварувачка  Даниела Алексовска забележа импресивна победа уште во првата рунда од дуелот со Молдавката Флочеа Алида, на спектаклот „Армада 14“ што се одржува вечерва во арената „Јане Сандански“ во Скопје.

Во последната минута од воведната рунда, Алексовска успеа да ја фати својата противничка во одличен зафат, од кој Алида немаше излез. Судијата немаше друг избор освен да ја прекине борбата да ја додели победата на македонската претставничка.

Оваа победа е одлична најава за следниот предизвик на Алексовска, која на 27 септември ќе ги брани македонските бои на Светското ММА првенство во Тбилиси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот