фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Евертон во 98 минута до бод против Ливерпул во последното Мерсисајд дерби на „Гудисон“

Фудбалерите на Евертон и Ливерпул одиграа нерешено 2:2 вечерва во преостанатиот натпревар од 15 коло во Премиер лигата.

Евертон поведе во 11 минута преку голот на Бето, а израмни Алексис Мекалистер пет минути подоцна.

Ливерпул поведе во 73 минута преку Мохамед Салах, а домашните стигнаа до реми во 90+8` минута со голот на капитенот Џејмс Тарковски.

Вечерашното дерби на Ливерпул беше последно на Гудисон Парк, бидејќи Евертон ќе се пресели на нов стадион кон крајот на оваа година.

Натпреварот првично требаше да се одржи на 7 декември минатата година, но беше одложен поради неповолните временски услови предизвикани од бурата Дара.

Ливерпул е прв на табелата во Премиер лигата со 57 бодови, додека Евертон е на 15 позиција со 27.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот