Фото: EPA/DAVID CLIFF

ВИДЕО | Естевао е херојот на Челси во дербито против Ливерпул

Фудбалерите на Челси денеска го совладаа Ливерпул со 2:1 во дербито на седмото коло од Премиер лига.

Каиседо донесе предност во 14 минута за лондонските „сини,“ а гостите израмнија преку Гакпо во 63 минута на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.

Домашниот тим победи пред своите верни навивачи со голот на новото засилување Естевао во 96 минута од мечот.

Ливерпул повторно загуби натпревар во судиското продолжение, на истиот начин како што победи на почетокот од сезоната.

Избраниците на менаџерот Арне Слот со тоа го забележаа третиот последователен пораз, што не му се случи на Ливерпул во претходните две и пол години, и паднаа на второто место на табелата, еден бод зад лидерот Арсенал, додека Челси е шести со 11 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот