Во Еквадор запленети 3 тони кокаин/Фото: Икс

ВИДЕО | Еквадорските власти заплениja 3 тони дрога, голем удар врз албанската мафија

Еквадорските власти запленија три тони дрога, количина за која велат дека ѝ припаѓала на албанската мафија, која имала врски со колумбиските и мексиканските нарко-картели, како и со банди во земјата, официјално беше објавено вчера во Кито.

Министерството за одбрана ја опиша заплената на количината дрога како „голем удар врз албанската мафија“, по претресот на фарма во југозападниот град Гвајакил, големо пристаниште и центар од витално значење за трговијата со дрога кон американските и европските пазари.

Полициски и воени офицери откриле дрога во кутии со банани, изјави за медиумите началникот на полицијата во Гвајакил, Виктор Ордониес.

За време на операцијата, уапсени се „пет лица за кои постои сомневање дека се поврзани со албанската мафија“, додаде Министерството за одбрана преку Икс.

Властите во латиноамериканската земја, низ која минува 73% од кокаинот произведен во светот, регистрираа рекордни заплени во 2024 година: тие достигнаа 294 тони, во споредба со 221 во 2023 година.

Во последниве години, Еквадор престана да биде оаза на мир и спокојство помеѓу Колумбија и Перу, двете земји со најголемо производство на кокаин во светот.

Насилството, кое е поврзано пред сè со трговија со дрога, предизвика зголемување на стапката на убиства, од 6 на 100.000 жители во 2018 година на 38/100.000 во 2024 година, откако забележа трагичен рекорд – 47/100.000 – во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот