Едина Муса / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Едина Муса крева тегови неколку дена откако објави дека е бремена: Mи се врати енергијата…

Убавата кошаркарка Едина Муса пред само неколку дена сподели објава со среќна вест – дека е бремена. Едина, која сега е нутриционистка и тренер по фитнес, објави прекрасна фотографија на својот профил на Инстаграм, на која го покажа трудничкиот стомак.

Сега, таа откри дека влегла во 19-тата недела од бременоста, дека силата ѝ се вратила и повторно почнала со тренинзите.

Имено, Едина објави видео во кое покажува како ѝ се одвива еден тренинг во бременоста и дека крева тегови. Покрај видеото таа објави подолг опис со кој го опиша досегашното искуство со нејзината прва бременост.

„Деветта недела
Скоро и до пола бременост…
Тренинзите во оваа недела се значително подобри. Енергијата е вратена скоро до нормала, за разлика од првите 3 месеци каде што спиев кај и да стигнам.

Првите месеци значително го променија темпото на мојот живот, од човек што живее 300 на саат и работи нон стоп, до човек што нема желба буквало да излезе од дома. Јас не бев јас, и тоа ми беше многу тешко да го разберам и прифатам, со оглед на тоа што ова е мојата прва бременост, едноставно не знаев што ме чека. Се осетив бескорисно затоа што буквално немав ниту енергија, ниту желба да завршам било каква работа.

Но, спортист како спортист не може баш туку така да крене раце од сè. Вежбањето беше клучниот дел за моето психичко здравје во тој период. Точно е, немав енергија за тренинзите што порано ги правев, и не планирав да го форсирам своето тело сега кога највеќе му требаше енергија за уште едно животче кое се формира. Целта ми беше да останам физички активна, па макар и да правам вежби со сопствена тежина, што обично беше мојата рутина за загревање пред секој тренинг.

Останав доследна до својот збор. Планот беше трипати неделно тренинг проследен со многуууу спиење и нутритивно богата исхрана.

Како што влегов во 14-та недела, енергијата како оддеднаш да ми се врати. Полека почнав да додавам тегови, ги зголемив повторувањата и се фокусирав на правилната форма од секоја вежба. Како што напредував, така ја зголемував килажата со која тренирам, но секогаш го слушам своето тело. Целта не ми е да ја зголемувам својата сила и да кревам брутални килажи како што правев кога не бев бремена, туку да ја одржам својата сила и своето психофизичко здравје“, напиша Едина.

ФОТО | Нов македонски пар: Едина Муса и бившиот на Тамара Тодевска во романтична врска?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот