
ВИДЕО | Драматично спасување на планинар во Калифорнија кој два дена останал заглавен зад водопад
Полицијата во Калифорнија започна неверојатен спасувачки зафат за маж кој два дена бил заробен зад водопад. Авантурата за 46-годишниот Рајан Вордвел започнала на 10 август кога ги посетил водопадите познати како „Седум шолји чај“ со намера да се искачи нагоре.
Препорачано
Сепак, според објавата на социјалните мрежи од страна на канцеларијата на шерифот на округот Тулар, „екстремната хидраулична сила“ на водопадите го турнала 46-годишникот од неговите јажиња и го заробила зад водопад на реката Керн.
Кога Вардвел не се вратил дома, била алармирано и спасувачите го лоцирале со дрон кој летал зад водопадот.
Следната фаза од операцијата била хеликоптер кој долетал до областа со спасител кој се спуштил со јаже, го зел 46-годишникот и го транспортирал на безбедно место, со што се комплетирала она што канцеларијата на шерифот го нарекла „неверојатна приказна за преживување“.
46-годишникот бил дехидриран и имал „помали повреди“.
Вордвел неколку пати се спуштил на водопадите, според „Сан Франциско кроникл“. На неговото патување на 10 август бил придружуван од пријатели, но тие решиле да не одат понатаму кога ја виделе силата на надојдената вода.
Според локалните медиуми, пријателите на 46-годишникот оставиле порака на неговиот автомобил барајќи од минувачите да го пријават како исчезнат доколку возилото е сè уште таму следниот ден, што и го сториле.
Двата дена пред неговото спасување, Вордвел се криел во темна пештера под водопадот откако се откачил од јажињата.
„Се борел, но не можел ништо да направи за да излезе. Немал начин да се стопли или исуши таму, па затоа сигурно било ужасно“, изјави портпаролот на шерифот на округот Тулар.