Пожар во Скопско / илустрација / Фото: Читател на Слободен печат

ВИДЕО: Драматична состојба во Скопско – 200 волонтери со лопати сами го спасуваат Глуво

Околу 200 жители на селото Глуво во Скопско, на кое му се заканува огромниот пожар на повеќе локации, вечерва се организирале и самите, користејќи лопати, со натчовечки сили успеале да спречат пожарот да се прошири врз куќите во селото Глуво. Тие за „Слободен печат“ раскажуваат дека го изгаснале огнот на повеќе ридови околу селото, кој се заканувал да им ги проголта куќите.

Вечерва пожарот и натаму беснее на повеќе места, а жителите велат дека откако се стемнило, хеликоптерите престанале да летаат, додека огнот заедно со нив го гаснат пожарникари со само едно противпожарно возило.

Локалните жители се организирале и копаат со приватни багери и камиони во обид да го спречат огнот. Тие апелираат за каква било помош и велат дека ќе бидат будни и подготвени се додека пожарот не биде изгасен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот