фото: Слободен печат

ВИДЕО | Драма во Тетово: Имале судско рочиште, но сметките ги расчистувале со тепање пред суд, и пукање во тетовската болница

Вистинска драма денеска се одвиваше во Тетово. Две групи едната од Тетово, а другата од тетовското село Гајре физички се пресметувале пред Основниот суд Тетово, а на крај инцидентот завршил со крвата вооружена пресметка пред Ургентниот центар при Клиничката болница во Тетово.

Две лица од тетовското село Гајре завршиле со прострелни рани, едниот од нив во тешка состојба. И двајцата веќе се префрлени на Скопскиот клинички центар.

„Околу 18 часот имаше пресметка со огнено оружје при што имаше повредено двајца луѓе, односно наши пациенти, едниот од нив беше во покритична состојба, беше интервенирано од наша страна и со екипа од анестезија и реанимација пренесен е на скопските клиники. Вториот пациент е повреден и тој е во постабилна состојба, нашите торакални хирурзи интервенираа го стабилизираа и исто така е префрлен на скопските клиники, нема повреден персонал тоа се случило пред ургентниот центар кој сега работи нормално, изјави доктор Бобан Вучевски од Клиничката болница Тетово.

Дел од учесниците во инцидентот попладнево во Основниот суд Тетово имале судско рочиште. По завршувањето на рочиштето, двете групи едната од село Гајре, а другата од Тетово започнале физичка пресметка пред судот. Едната група од Гајре поради здобиените повреди во тепачката се упатила во Ургентниот центар да им се пружи лекарска помош, но пред болницата била пресретната од другата група кои пукала кон нив нанесувајќи има на две лица прострелни рани.

„Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот