Аеродром/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

ВИДЕО | Драма на аеродромот во Тел Авив: Пронајдена неексплодирана бомба кај американски туристи

На туристи од САД, кои во својот багаж носеле и неексплодирана граната, им било дозволено да се качат во авион, по претресување од страна на безбедносниот персонал, соопшти управата на аеродромот „Бен Гурион” во Тел Авив, пишува „Ерусалим пост”.

Американското семејство предизвикало тревога поради бомбата на главниот израелски аеродром, кога на безбедносните службеници им ја пријавиле неексплодирана граната, пронајдена за време на посетата на Голанската висорамнина и спакувана за враќање, соопштија властите.

На видеото, што се појави на социјалните мрежи, може да се види како патници во паника бегаат низ аеродромската зграда на „Бен Гурион”.

Според управата на аеродромот, едно лице е хоспитализирано поради повреди, добиени при обид да побегне низ движечката лента за багаж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот