фото: instagram.com/pfc_sogdiana

ВИДЕО | Дориев блескаше во победата на Согдиана и е најдобар стрелец во Узбекистан

Денеска во 21 коло од најсилното фудбалско првенство на Узбекистан, екипата на Согдиана дома со 4:1 го совлада тимот на ОКМК.

Домаќините ја најавија победата во првото полувреме со двата гола на македонскиот интернационалец, 29-годишниот Љупче Дориев во 28 минута и 45+2.

Дориев моментно е најдобар стрелец во шампионатот со 12 голови (ист учинок како и Сергеев И од Пахтакор и Норчаев К. од Насах Карши), а Македонецот има и пет асистенции.

За Согдиана ова беше шеста победа сезонава за моментно деветто место во генералниот пласман.

Во следното коло Дориев и неговите тимски колеги на 21 септември ќе играат на гостински терен против Андијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот