Фото: Screenshot

ВИДЕО: Дончиќ збесна против Германија, ги обвини судиите дека се платени

Словенечкиот ас Лука Дончиќ не можеше да ги задржи емоциите по неколкуте контроверзни судиски одлуки на синоќешниот меч против Германија, кои, според ставовите на словенечкиот табор, директно влијаеја врз крајниот резултат.

Еден од моментите за кој во редовите на Словенија беа незадоволни се случи на стартот од третата четвртина, кога Дончиќ доби четврта лична грешка, потег што значително го ограничи неговиот настап до крајот на натпреварот. Контроверзниот фаул во напад врз Денис Шредер донесе бурна реакција кај ѕвездата на Лејкерс кој кон судиите направи гестикулација дека е платени.

Критики за судењето имаше Дончиќ и по натпреварот.

„Нема ништо да кажам. Првата техничка ја добив по само две минути од натпреварот кога викнав „Ало“. Не смее да ти дадат техничка за такво нешто во четвртфинале, без разлика на името на кошаркарот. За тоа не се добива ниту опомена. Навистина не знам што мислеа судиите“, истакна словенечкиот кошаркар.

ВИДЕО | Никој како Дончиќ во историјата на Евробаскет, но Германија ќе игра полуфинале со Финска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот