Доналд Трамп, Кејт Мидлтон - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Доналд Трамп ја воодушеви Кејт Мидлтон на почетокот на државната посета: „Прекрасна си, толку си убава“

Претседателот Доналд Трамп, денеска за време на официјалниот прием за државната посета на САД на Велика Британиј, со својот коментар ја воодушеви Кејт Мидлтон. Принцезата од Велс и принцот Вилијам ги поздравија претседателот и првата дама Меланија Трамп на имотот на замокот Виндзор, каде што церемонијалното пристигнување го означи почетокот на посетата.

Додека се ракуваа, 79-годишниот Трамп ѝ рече на принцезата Кејт (43):

„Прекрасна си, толку си убава“.

Принцот Вилијам (43) ја водеше групата напред, ставајќи ја раката на грбот на Кејт и Меланија додека тие почнаа да одат заедно.

Претседателот Трамп и неговата сопруга се во посета на САД на покана на кралот Чарлс, а оваа е досега прва посета на кралот, и втора државна посета на Велика Британија од страна на Доналд Трамп која започна денес, а ќе трае до утре, четврток 18 септември.

Американскиот претседател претходно го коментираше изгледот на принцот Вилијам и го опиша наследникот на тронот како „многу згоден“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и првата дама Меланија Трамп беа пречекани од британскиот принц Вилијам, принцот и принцезата Кејт по нивното пристигнување на имотот на замокот Виндзор.

„Тој е згоден човек. Изгледаше навистина, многу згоден синоќа“, изјави Трамп за „Њујорк пост“ за неговата средба со принцот Вилијам по церемонијалното повторно отворање на катедралата Нотр Дам во Париз во декември 2024 година.

„Некои луѓе изгледаат подобро во живо? Изгледаше одлично. Изгледаше навистина убаво, и му го кажав тоа“, изјавил тогаш Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот