ВИДЕО | Дојчиновски: Направен е огромен успех – на ЕП сме, играчите „гинат“ за репрезентацијата

Главната наш цел и приоритет беше Европското првенство. Ја разбивме монотонијата која беше присутна во европскиот фудбал. Начинот да се помогне преку Лигата на нации успеа. Направивме историски успех и на тоа треба да се гордееме, изјави за Утрински брифинг, спортскиот новинар, Огнен Дојчиновски.
-Простор за напредок секогаш има. Ситуацијата беше таква – три меча по ред, се помалку играчи на располагање и се случи тоа што се случи на натпреварот со Ерменија, додава Дојчиновски. -Сме биле дел од големи натпреварувања, но за мене фудбалот е фудбал. Во мечевите треба да уживаме. Таму сме, на Европско сме и се е можно. Пандев е се уште на највисоко ниво, околу него се сплотени сите. Владее една прекрасна атмосфера и јавноста тоа треба да го знае. Играчите „гинат“ за репрезентацијата, вели Дојчиновски.
Целиот разговор со спортскиот новинар Огнен Дојчиновски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот