
ВИДЕО | „ДНК“ и пријателите со песна посветена на македонската репрезентација: Со „Македонија на Европско“ ќе ги бодриме на претстојното првенство
Оооо оооо Македонија на Европско…. Сите сплотени сме заедно…. Оооо оооо Македонија на Европско сите дишеме ко едно… вака гласи рефренот од новата песна со наслов „Македонија на Европско“ со која Андреј и Панчо од „ДНК“, како и нивните бројни колеги, пријатели како и целата македонска јавност ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство.
Препорачано
View this post on Instagram
Музичкото дуо „ДНК“ на својот канал на ЈуТјуб ја промовираше песната, а во претходните денови како најава, Владимир Блажев – Панчо се обрати до своите фанови:
– Ова е еден од моите најомилени проекти поврзани со ДНК и спортот, а посветен на македонските фудбалски репрезентативци. Благодарност до сите кои придонесоа за истиот и со нетрпение очекувам да го видите. Македонија на Европско, благодарение на нашите фудбалери со кои треба да се гордееме, стои во објавата на Панчо
Како автори на оваа песна и овој пат се потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски. Видеото, пак, е со потписот на режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.
View this post on Instagram
Во спотот премиерно се појавува и подмладокот на бендот, или како што Андреј и Панчо велат новите членови на „ДНК“ во полн состав, Андреја (10 г.) басисит, Марјан (6 г.) тапанар и Јана (5 г.) клавијатури и придружен вокал.