Диви трки на автопатот кај Куманово / Фото: ТВ21 / скриншот

ВИДЕО: Диви трки на автопат кај Куманово, полицијата не ги нашла тркачите

Диви трки се организирани викендов на автопатот меѓу Табановце и Куманово, а полицијата, иако излегла на терен да провери, не ги нашла безобѕирните тркачи кои се снимени како го загрозуваат сообраќајот, пишува ТВ „21“.

Видеото кое го објави телевизијата е снимено околу полноќ во ноќта меѓу петокот и саботата, на автопатот меѓу Табановце и Куманово. Според сведоци на ноќното дивеење, трките меѓу повеќе автомобили траеле повеќе од еден час. Од полицијата велат дека не успеале да ги најдат возачите кои се тркале на јавен пат.

„По пријава до СВР Куманово за одржување на диви трки на автопатот А1 на делницата од Табановце кон Куманово, поточно на крстосницата кај Крива Паланка, Единицата за мобилна безбедност во сообраќајот изврши патрола на наведената делница од 00:40 до 01:40 часот наутро, при што не беа забележани возила поврзани со пријавениот настан на диви трки“, велат од МВР.

Полицијата годинава привремено одзеде десетина автомобили кои биле користени за диви трки во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот