
ВИДЕО: Дипломатски инцидент – израелската полиција и француската жандармерија „се фатија во костец“
Израелската полиција приведе двајца француски припадници на жандармеријата во црквата Патер Ностер, која е француска територија во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим), јавува Анадолија.
Препорачано
Помеѓу израелската полиција и француската жандармерија дошло до тензија пред посетата на францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро на црквата Патер Ностер во Источен Ал Кудс, јавуваат израелските медиуми.
La police israélienne arrête 2 gendarmes français dans le domaine de l’Eleona, propriété française à Jérusalem-Est. Les gendarmes avaient demandé aux policiers de ne pas entrer dans ce lieu, avant la visite prévue du MAE @jnbarrot pic.twitter.com/597vz2Manv
— Sami Boukhelifa (@sambklf) November 7, 2024
Припадниците на жандармеријата не сакале израелската полиција да влезе во црквата Патер Ностер, која има статус на француска територија.
Тензијата ескалирала по што израелската полиција уапсила двајца француски жандарми и со полициско возило ги одвела од областа.
На социјалните мрежи беа објавени видеа од моментите на нивното приведување.
Според пишувањата на француските медиуми, министерот за надворешни работи Баро изјавил дека израелската полиција без дозвола и со оружје влегла на територија во сопственост на Франција.
Баро изјави дека оваа ситуација е неприфатлива.
Израел негираше дека го предизвикал дипломатскиот инцидент
Вечерва израелските власти негираа дека предизвикале дипломатски инцидент при посетата на шефот на француската дипломатија на локација што и припаѓа на Франција во Ерусалим, велејќи дека „безбедносните прашања биле однапред договорени со француската амбасада“.
Француското Министерство за надворешни работи најави дека во наредните денови ќе го повика израелскиот амбасадор во Париз за да му врачи протестна нота поради „неовластено влегување“ на вооружената израелска полиција во францускиот национален имот во Ерусалим, Елеон.