
ВИДЕО | Дербито ги оправда очекувањата: Турција по голема борба до победа, прв пораз за Србија на Евробаскетот
Како и што се очекуваше дербито донесе неизвесна игра голема борба во која во клучните моменти подобри беа репрезентативците на Турција за победа од 95-90.
Препорачано
Ниту Србија, ниту Турција во ниту еден момент од натпреварот не успеваше да се „одлепи“ на посериозно водство, па така и двете селекции имаа периоди во кои беа подобри на теренот. Првиот период го доби Турција со 19-18. Тоа водство на Турција одеше најмногу до шест поени разлика во вториот период, но тука некаде од средината, Србија ја презема иницијативата и направи пресврт, па на одмор избраниците на Пешиќ имаа водсво од три разлика (46-49).
Третиот период донесе слична слика како во вториот, со тоа што сега Турција направи пресврт и во последната четвртина влезе со предност од еден поен 74-73.
Неизвесната битка продолжи до самата завршница Србија заигра подобро и поведе со четири поени предност на пет минути до крајот. Но, Турција не се откажа и со тројката на Хазер на две минути и десет секунди до крајот одново поведе со 89-88.
Натпреварот беше одлучен со слодните фрлања на Ларкин кога на 15 секунди до крајот обезбеди три разлика за Турција. Во последниот напад на Србија, Јокиќ се обиде за три, но не беше успешен и тука веќе беше јасно дека победата оди кај Турција.
Никола Јокиќ и во овој натпревар беше најдобар кај Србија со 22 поени, седум скокови и четири асистенции, а на теренот поина половина час. Го следеа Марко Гудуриќ со 12, Филип Петрушев со 11 и Никола Јовиќ со 10.
На спротивната страна одлични беа Алперен Шенѓун со 28 поени, Шане Ларкин додаде 23, додека „охриѓанецот“ Чеди Осман средбата ја заврши со 16 поени. За Србија овој пораз на Европското првенство, додека Турција остана перфектна и го освои првото место во групата.
Од второто место во групата Србија во нокаут фазата оди на Финска, додека Турција ќе се соочи со Шведска.