Работници ја туркаат и влечат назад санираната заштитна ограда на мостот „Гоце Делчев“ / Фото: „Слободен печат“

ВИДЕО | Денеска повторно се работеше на „санираната“ ограда на мостот „Гоце Делчев“

Откако вчера од МВР ги демантираа изјавите за „наводно недавање дозвола од страна на Министерството за внатрешни работи за санација на оградата на мостот Гоце Делчев“ и ги известија граѓаните дека оградата на мостот е веќе санирана, денеска „Слободен печат“ забележа дека екипи на Град Скопје повторно ја доработуваат „закрпената“ и, како што тврдат, санирана заштитна ограда.

Всушност, според вчерашните инсерти на нашиот камерман, оградата беше подзацврстена со анкери онаму каде можела да се прикрпи, а пред неа во делот каде што недостасуваше банкина е поставена нова, за да се зголеми безбедноста на возачите и пешаците под мостот.

 

Сепак, екипи на ЈП „Улици и патишта“ утрово повторно беа зафатени со вршење поправки на оградата на мостот „Гоце Делчев“, за која „Слободен печат“ неколку пати ја предупреди јавноста во текот на изминатата недела. Неколкумина работници ја буткаа, ја влечеа и се мачеа да ја доведат во ред оштетената железна ограда.

По апелот од МВР за транспарентно информирање на јавноста со проверени и точни информации од страна на медиумите, дали денешната нова работна акција на градските служби на заштитната ограда од мостот „Гоце Делчев“ која може да ја проследите на видеото што е подоле, го „демантира“ демантот на Министерството дека санирањето на оваа локација е завршено и ја потврдува вчерашната наша објава дека оградата не е целосно санирана, туку површно закрпена.

Како денеска повторно се работеше на овој патем „решен“ проблем од страна на екипите на ЈП „Улици и патишта“, од каде патем нема никакви информации ниту одговори на нашите прашања, погледнете на видеото и фотографиите во прилог.

 

Работници ја туркаат и влечат назад санираната заштитна ограда на мостот „Гоце Делчев“ / Фото: „Слободен печат“
Работници ја туркаат и влечат назад санираната заштитна ограда на мостот „Гоце Делчев“ / Фото: „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот