Фото: EPA/ATTILA KLEB HUNGARY OUT

ВИДЕО | Дејвид Боуви пред смртта тајно работел на проект „мјузикл од 18 век“

Кога Дејвид Боуви почина во 2016 година, неговиот проштален подарок беше неговиот последен албум, „Blackstar“, обликуван од дијагнозата на рак и прифаќањето на смртта. Сепак, во последните месеци тој започна друг проект, кој во своите белешки го опиша како „мјузикл од 18 век“, објави „Би-би-си“.

Постоењето на мјузиклот „Spectator“ беше непознато дури и за неговите најблиски соработници сè додека белешките не беа откриени во неговата студио во 2016 година. Тие сега се донирани на V&A, заедно со остатокот од неговата архива.

Мјузиклот ја истражува фасцинацијата на Боуви од развојот на уметноста и сатирата во Лондон од 18 век, со приказни за криминални банди и озлогласениот крадец Џек Шеферд.

Доколку беше завршен, мјузиклот ќе ја исполнеше една од доживотните амбиции на Боуви.

„Од самиот почеток, навистина сакав да пишувам за театарот. Претпоставувам дека можев да пишувам само за театарот во мојата дневна соба, но мислам дека намерата отсекогаш беше да имам прилично голема публика“, рече Боуви во интервју за „Би-би-си“ Радио 4 во 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот