
ВИДЕО ДЕБАТА: Автокефалноста на МПЦ – ОА меѓу Томосот на СПЦ и оној на Вселенската патријаршија
Во дебатата на тема „Автокефалноста на МПЦ“ во рамки на „Утрински печат“, новинарот Марјан Николовски оцени дека обединувањето на МПЦ-ОА и ПОА треба да биде историски чин и круна на афтокефалноста на МПЦ, затоа што во христијанството најважно е луѓето меѓу себе да си простат. Но не мораше да се чека толку долго и требаше многу побргу проблемот на биде решен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Она што е проблематично во именувањето на МПЦ е начинот на кој се издаваат Томосите и на кој се дефинираат имињата на црквите кои ќе бидат запипани во Диптихот. Ние денеска не зборуваме за тоа дали како ќе се вика МПЦ тука или таму, туку како ќе биде заведена во Типтихот на Православната црква. Таму постојат два начина како може да биде тоа. Едниот е древниот начин каде што е Охридската Архиепископија и другиот е современиот според името на државата. Но самата наша црква со писмото од 2018 бара да биде заведена под името Охридска Архиепископија без при тоа да се користат деривати од придавката македонски и се однесува на тоа како ќе бидеме запишани во Диптихот и да го возобнови древното име на ОА, а не како црква на Северна Македонија. Условот е титулата на Архиепископот Стефан кој во моментов се дефинира како Архиепискот Охридски и Македонски. Во Цариград сметаат дека зборот македонски подразбира поширока територија одошто е Република Северна Македонија и со тоа тој е Владика и на Епархиите во Грција и во Бугарија и на делови од Епархиите во Албанија, нагласи Николовски.
Бранко Ѓорѓески пак смета дека неколку предизвици има МПЦ пред себе. Тоа е заокружување на процесот на автокефалноста, потоа и премостување меѓу Руската православна црква и Вселенската Патријаршија и надминување на фракцииите во самиот Синод на МПЦ.
-Се плашам ова брзањето на решавање на проблемот со ПОА не е во контекст на онаа теза дека Томосот на СПЦ е доволен за наша авткефалност. Таа теза постои но не добро ако се прифати целосно. Тоа не е точно, затоа што СПЦ нема такво право. Ако беше доволна одлуката на мајката црква, зошто тогаш други православни цркви не го прифаќаат тој Томос туку имаме пораки дека се воспоставува канонско единство но дека конечното прашање ќе го реши Вселенската Патријаршија бидејќи нејзиниот Томос е вистинскиот, смета Ѓорѓески.
Целата дебата погледнете ја во видеото: