ВИДЕО | Дарио Ивановски го комплетираше маратонот и заврши на 58. место во Токио

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски настапи на Светското првенство во атлетика што се одржува во Токио.

Во маратонот на 42 километри Ивановски постигна време од 2:26:31, со што се пласираше на 58. место во конкуренција од 90 натпреварувачи. Трката беше исклучително тешка – многу атлетичари се повлекоа, а само 66 успеаја да стигнат до целта.

Победа на маратонот издвојуваше Алфонс Феликс Симбу од Танзанија, кој за дел од секунда беше побрз од Германецот Аманал Петрос. Третото место му припадна на Италијанецот Илиас Ауани, кој заостана пет секунди зад победникот.

Со настапнот на Ивановски завршија и настапите на македонските атлетичари на Светското првенство. Претходно рекордерката во маратон во женска конкуренција во Македонија Андријана Поп-Арсова Рашиќ заврши на 62-рото место со време од 3:01:48, што беше најдобро време во оваа сезона за нашата натпреварувачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот