
ВИДЕО | Д-р Митов: Се прогнозира дека до 2030, на возраста помеѓу 20 и 50 години ракот на дебелото црево ќе број еден карцином
Месец март е посветен на колоректалниот карцином. Тоа е така затоа што станува збор за многу сериозна болест која високо котира на листата на болести. Иако лесно се открива сепак многу е распространета. Покрај колоноскопија болеста може да се открие и преку скриено крварење во фецесот.
Препорачано
-Границата постојано се поместува кон помлада популација. Во САД се прогнозира дека до 2030 година во возраста меѓу 20 и 50 години ќе биде број еден карцином. Овој карцином е директно поврзан со употребата на сувомеснати производи, вели д-р Александар Митов за Утрински брифинг.
-За секои следни 50 грама конзумирани сувомеснати производи ризикот од карцином расте за 15 проценти. Постојат сомнежи и за газираните пијалоци. Првото кое што треба човек да го загрижи е нарушување на навиките во одење во тоалет. Проблемите со промената на структурата на столицата е првиот аларм, додава тој.
Во Америка ставот е дека секое лице над 50 години треба да направи колоноскопија. Тоа се прави еднаш на 5 години бидејќи и полипите на дебелото црево растат многу бавно.
-Ние немаме регистар за заболени од оваа болест но можеме многу да направиме во секундарниот пристап. Оваа состојба за година две би можеле да ја надминеме на државно ниво доколку се инвестира. Има статистичка наклонетост дека мажите почесто заболуваат од оваа болест, вели д-р Митов.
Секако врз развојот на оваа болест влијае и начинот на живот, вели за Утрински брифинг д-р Александар Митов.