Фото: EPA/CHEMA MOYA

ВИДЕО | Циркус во Шпанија: ВАР не работеше, Барселона доби непостоечки пенал, а теренот беше ужасно лош

Барселона направи неочекуван кикс во третото коло од шпанската Ла Лига, откако ремизираше 1:1 на гостувањето кај Рајо Ваљекано во Мадрид. Натпреварот, наместо по играта, ќе остане запаметен по бројните контроверзии и лошите услови на стадионот.

Прво нешто што го привлече вниманието беше состојбата на тревникот. Шпанските медиуми го нарекоа теренот „мочуриште во срцето на Мадрид“, поради лошо одржуваната подлога со исушени делови покрај аут-линиите и нерамнини кои создаваа сериозни проблеми за играчите на двата тима.

Дури и фудбалерот на домаќините, Иси Палазон, јавно го критикуваше теренот и откри зошто дошло до оваа ситуација:

„Теренот беше просечен. Целата недела трениравме на стадионот поради проблеми со нашиот тренинг-центар и тоа се одрази. Беше меко, топката не се движеше како што треба, изгледаше како тревата во мојот двор“, изјави Палазон.

Контроверзниот момент на натпреварот се случи во 40. минута кога судијата Матео Бускетс Ферер досуди пенал за Барселона по падот на Ламин Јамал во шеснаесетникот. Меѓутоа, ситуацијата не можеше да биде проверена со ВАР, бидејќи системот во тој момент не функционираше.

Судијата ги информирал екипите уште пред почетокот дека ВАР не е во функција, а подоцна признал дека пеналот не требало да биде досуден.

„Судијата ни призна дека направил грешка. Тоа е чесно, но чувството на беспомошност останува. Кога ќе ви досудат непостоечки пенал, тоа ве прави бесни“, додаде Палазон.

ВАР системот проработел дури во второто полувреме, откако техничките служби го отстраниле дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот