Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Чудо во Италија: 74-годишна жена извлечена жива откако врз неа се урна петкатница
Розалија Де Џоза (74) е пронајдена жива откако се урна зграда од пет ката во италијанскиот град Бари, во областа Караси, соопшти противпожарната служба. Колапсот се случил вчера околу 18 часот и 45 минути. Потрагата по пензионерката траела речиси 24 часа, пренесе „Месаџеро“.
Препорачано
Пожарникарите, членовите на спелеолошката спасувачка служба и органите на редот ја следеле трагата на мобилниот телефон на жената, а операциите на ископување биле концентрирани на локацијата каде што спасувачите слушнале дека телефонот ѕвони веднаш по настанот.
Спасувачите морале да бидат внимателни при тешката операција во која користеле посебна метода на извлекување луѓе од подземни шуплини, а имале и подготвен дефибрилатор. Жената наводно била заглавена во „воздушен џеб“ покрај скали до кои најверојатно стигнала додека се обидувала да избега.
Де Џоза била единствена станарка во зградата, откако лани одбила да го напушти домот кога објектот бил прогласен за небезбеден. Таа сега е во добра здравствена состојба и има помали повреди од кои закрепнува, пишуваат италијанските медиуми.
Погледнете ги радосните моменти кога жената беше извлечена, на воодушевување на присутните:
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
20мин
-
35мин
-
50мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5