Мила Царовска / Фото: Фејсбук, Мила Царовска

ВИДЕО | Царовска: На крајот на 2021 се радуваме на промените во образованието

– На крајот на 2021 сите се радуваме на промените во образованието кои се важни и во интерес на секое дете. Повторно ги отворивме училиштата. Ги подобривме условите во училиштата, воведовме нови наставни програми и обезбедивме обука и поддршка за наставниците. Целиот труд вредеше затоа што најважна на светот ни е насмевката на детските лица, вели во видеопорака на својот фејсбук-профил министерката за образование и наука Мила Царовска.

По повод крајот на учебната 2021/2022 година и претстојните празници, Царовска во видеото ја нагласува важноста од отворањето на училиштата, новините во годината што изминува и посветеноста на МОН во остварувањето на потенцијалот на секое дете.

– Детските желби и соништа ни се главниот мотив кој ни дава сила да продолжиме да создаваме квалитетно образование кое го развива потенцијалот на секое дете, нè учи да се сакаме, почитуваме и веруваме во граѓанските вредности, кои се основата на општеството во кое има место за секој.
Среќни празници, вели Царовска во видеото.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот