Британскиот министер Џејмс Клеверли во Израел/Фото: Х

ВИДЕО: Британскиот министер бега во засолниште, сирените предупредија за нови напади во Израел

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска отпатува во Израел за да ја покаже својата солидарност со израелскиот народ по нападите на палестинската вооружена група Хамас, соопшти Форин Офисот.

Всушност, додека тој беше во посета на градот Офаким во јужен Израел, се вклучија сирените предупредувајќи за неизбежен ракетен истрел на Хамас. На видеото објавено од Државата Израел на својот официјален профил на Твитер, Џејмс Клеверли може да се види како трча во засолниште во блиската зграда.

Ова е реалноста со која живеат Израелците секој ден, е пораката што ја придружува објавата.

Седумнаесет британски државјани, меѓу кои и деца, се убиени или исчезнати во Израел по нападите на Хамас минатата сабота, објави денеска Би-Би-Си, повикувајќи се на официјален извор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!