Фото: Принтскрин/Јутјуб/Freya Farrington

ВИДЕО | Британка ја трансформираше целата кујна за 120 евра, погледнете го резултатот

Јутјуберката Фреја Фарингтон неодамна се вселила во својот нов дом и веднаш почнала со преуредување. Со ограничен буџет од 100 фунти или околу 120 евра, таа со свои раце старинската кујна ја претворила во модерен простор со ефект на  мермер.ж

„Кога ќе ги видите сликите пред и потоа, ќе сфатите колку еден проект „направи сам“ може да го промени изгледот на кујната“, рекла Фреја, која својот потфат го споделила на Јутјуб.

Кога се вселила, кујната била застарена и припаѓала на недвижност од пред Првата светска војна. Подот беше покриен со стари кафеави плочки, а ѕидовите со тапети со мотиви на животни од фарма. Работните површини биле од темен гранит, додека ормарите биле направени од светло борово дрво – што не е стилот кон кој се стремела Фреја.

Првиот чекор бил да се ослободи од старите тапети. Но, наместо да ги отстрани, таа одлучила да ги обои во бела боја со која чинела 16 фунти. Таа го обоила и таванот во истата боја, со што постигнала свеж и чист изглед на просторот.

За кујнските ормари употребила специјална боја за мебел, за за да обезбеди долготраен ефект. Пред бојадисувањето, површината ја исчистила со шеќерен сапун за бојата подобро да се залепи. Бојата за мебел, која ја набавила за 10,95 фунти, се покажала како совршен избор.

За да го модернизира изгледот на ормарите, таа наместо да купува нови, рачките ги обоила со црн спреј, што значително ги намалило трошоците. Сличен спреј може да се најде во супермаркетите за само 3 фунти, пишува „Сан“. Таа ги покри подните плочки со евтин винил со ефект на сив бетон, што било едноставен и брз начин за преуредување без поголеми инвестиции.

Иако првично планирала да ја обои плочката помеѓу работните површини и ормарите, тоа барало премногу работа и материјал. Наместо тоа, таа користела самолеплив винил со ефект на мермер, кој веќе го купила за работните површини. Овој винил, за кој таа платила само 9 фунти, ѝ дал на целата кујна луксузен изглед со минимални трошоци.

Нејзиното видео на Јутјуб за преуредувањето брзо стана вирално, собрајќи над 300.000 прегледи и повеќе од 6,6.000 „лајкови“. Гледачите биле воодушевени од резултатот, а коментарите биле полни со пофалби.

„Фантастична трансформација! Обоените рачки даваат посебен впечаток“, напишал еден корисник.

„Ова докажува што може да се постигне со малку труд и креативност. Кујната изгледа чисто и свежо, секоја чест!“ коментирал друг.

„Неверојатна трансформација! Не ми се верува дека ова се истите кујнски кабинети. Одлична работа!“ додал трет.

Фреја докажала дека се потребни многу пари за да се направи голема промена – само малку имагинација и волја за работа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот