Фото: Brighton & Hove Albion

ВИДЕО | Брајтон со гол од пенал во 99-та минута го победи Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Брајтон го победија Манчестер Јунајтед на свој терен со 1:0 во заостанатиот натпревар од 28-то коло во англиската Премиер лига.

Овој натпревар беше реприза на полуфиналето од ФА Купот. На „Вембли“ пред десетина дена мрежите мируваа и Јунајтед славеше по изведувањето на пенали. Вечерва повторно бевме блиску да не видиме погодоци. Сепак, упорните домаќини славеа со голот на Мекалистер од пенал во деветтата минута од судиското продолжение.

Во првото полувреме голема шанса пропушти Митома за Брајтон, но Де Геа одлично реагираше. На спротивната страна се закани Маркус Рашфорд, потоа и Марсијал.

Најголемите возбудувања следуваа по 90-тата минута. Кога Лук Шо направи пенал, а сигурен реализатор беше Мекалистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот