Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

ВИДЕО | Боувен постигна еврогол, Нотингем го победи Вест хем и ја продолжи битката за ЛШ

Фудбалерите на Нотингем форест дојдоа до исклучително важна победа со 2-1 над Вест Хем во 37. коло од Премиер лигата, со што остануваат во игра за пласман во Лигата на шампиони и најавуваат возбудлива завршница на сезоната.

„Шумарите“ рано го отворија резултатот преку Морган Гибс-Вајт во 11. минута, а предноста ја удвои Ентони Еланга на почетокот од второто полувреме. Гостите од Лондон успеаa да намалат преку Џерод Боувен во завршницата на натпреварот, но Нотингем ја сочува минималната предност и запиша три златни бода.

Со оваа победа, тимот на Нотингем останува во трката за една од првите пет позиции кои обезбедуваат место во Лигата на шампионите, а сè ќе се решава во последното коло, кога на домашен терен го пречекуваат Челси. Покрај нив, за место во елитната Лига на шампиони сè уште се борат и Манчестер сити и Астон вила.

Во преостанатите два натпревари кои беа без резултатско значење Лестер го победи Ипсвич со 2-0, а Брентфорд беше подобар со 3-2 од Фулам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот