Фото: Boston Celtics

ВИДЕО | Бостон подобар од Сан Антонио во новогодишната вечер, Лејкерс повторно потфрлија

Кошаркарите на Бостон Селтикс со убедливи 101:134 го совладаа Сан Антонио во новогодишното издание во НБА лигата.

Славниот клуб од Америка го запиша 26-тиот триумф во сезоната, додека избраниците на Грег Попович останаа на само пет победи во сезоната. За нив ова беше 27-ми пораз.

Џејсон Тејтум со 25 поени, шест скока и две асистенции го предводеше Бостон, додека зад него следуваше Џејлен Браун со еден помалку. Кристапс Порзингис ја заврши средбата со 14 поени и девет скока, додека Дерик Вајт уфрли 17 поени. На спротивната страна Девин Васел постигна 22 поени, додавајќи четири скока.

Лејкерси одново потфрлија и забележаа висок пораз од Њу Орлеанс со 129:109. Победата Пеликанси ја обезбедија уште во првото полувреме во кое немилосрдно ги казнуваа грешките на „езерџиите“. На паркетот најдобар беше Леброн Џејмс со 34 постигнати поени, Инграм и Вилијамсон во победничкиот тим уфрлија по 26 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот