Марија Бошкова Јанковски, директорка на Централен регистар
Марија Бошкова Јанковски, директорка на Централен регистар / Утрински брифинг

ВИДЕО | Бошкова Јанковски: Централен регистар го продолжи рокот за поднесување годишни сметки

Македонскиот Централен Регистар на светско ниво е првонаграден за иновативност во функционирањето, но оваа вест не одекна премногу во јавноста. За тоа што е иновативно во работењето на оваа институција во денешен Утрински брифинг разговаравме со Марија Бошкова Јанковски, директорка на Централен регистар.

-Ние како институција сме чувар на сите податоци креирани од граѓаните. Ние во време на пандемија добивме две светски награди. Првата е за иновативност и беше за следново: кога се регистрира правен субјект, при самото поднесување на документи добивате даночен број, банка депонент, податоци за првото вработување и податоците се враќаат во Централен регистар и оттука имате регистриран правен субјект за 20 минути, вели Бошкова Јанковски.

Таа додава дека Централниот регистар е членка на светската и европската организација на регистри, како и на американската организација на регистри за вистински сопственици, а оттаму доаѓа и втората награда за македонскиот Централен регистар.

-И понатаму стремиме кон подобрување со проширување на регистрите, да ги надградиме постојните и да создадеме нови, вели таа.

Централниот регистар е база на податоци со трајна вредност. Врз основа на податоците од годишната сметка на секоја фирма се гледа состојбата на фирмите. За подобрување на бизнис климата во време на пандемија и економски мерки, како и погодени дејности овие информации ги користат државните и други финансиски институции, како што е централната банка, УЈП и слично.

-Врз основа на Законот за спречување на перење пари е создаден Регистарот на вистински сопственици, односно за секој правен субјект мора да се знаат вистинските физички лица кои се сопственици на правниот субјект. Над 91 отсто од сите правни субјекти си ја исполнија законската обврска и ги внесоа вистинските сопственици, вели директорката на Централен регистар.

Централен регистар годинава го продолжи рокот за десетина дена за поднесување на годишните сметки и последниот рок за електронско поднесување е 25 март.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот