Фото: Shkendija

ВИДЕО | „Бомба“ на Ибраими во дербито и победа за Шкендија, голеада во Скопје

Фудбалерите на Шкендија го добија дербито кое се играше денеска со 2-0, а најзаслужен беше ветеранот Бесарт Ибраими.

Првото полувреме речиси и да не донесе ништо, се играше на средината и двете екипи не создадоа посериозна прилика.

Вториот дел донесе нешто повеќе напади од двете страни и Ибраими по само пет минути игра во 50. минута со една „бомба“ ја затресе противничката мрежа.

Кратовчани во продолжение тргнаа по израмнување, напаѓаа и создаваа шанси, а кога не ги искористија стигна казната кога во финишит Красничи ги постави конечлните 2-0.

Вториот натпревар кој се играше во Скопје помеѓу Работнички и Брера донесе вистински голеада во која Брера слаавеше над 3-4 со Работнички.

Победата гостите од Струмица ја обезбедија во првото полувреме кога го добија со 1-3. Работнички се обиде да се врати во вториот дел, постигна два , но сепак и прими еден за конечни 3-4.

Шкендија со победата се искачи на врвот каде што ќе остане барем до  натпреварите на Вардар и Струга, Силекс е четврти, додека Работнички со само четири бода е на претпоследното место. Брера е наа средина со 11 бода.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот