Фото: Inter Miami CF

ВИДЕО | Блескаа Суарез и Меси, Интер Мајами „пукна петарда“

Интер Мајами славеше убедлива победа во МЛС лигата од 5:0 против Орландо, а најрасположени на натпреварот беа Лионел Меси и Луис Суарез кои постигнаа по два гола.

Тимот на Бекам има одличен старт во сезона и од три меча освои седум бодови и се очекува до крајот да биде еден од главните кандидати за титулата.

Резултатот беше отворен по само четири минути игра кога погоди Суарез, веќе во 11. минута Уругваецот го постигна и вториот гол за 2:0. Тејлор во 29. минута се погрижи за 3:0. Суарез во оваа ситуација беше асистент.

Пред крајот на полувремето Суарез и по третпат ја погоди мрежата, меѓутоа тој погодок му беше поништен поради офсајд. Меси на сцена стапи во второто полувреме кога постигна два погодоци за конечни 5:0, Суарез додаде и уште една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот