
ВИДЕО | „Бев фрлена на кучињата“: Поранешната на Глен Пауел прозборе за болната разделба и неговата афера со Сидни Свини
Поранешната девојка на актерот Глен Пауел, манекенката и дизајнерка Џиџи Парис, се појави во нова епизода од подкастот „Премногу“ (Too Much) и за првпат отворено зборуваше за нивната разделба во април 2023 година, пренесе „Варајети“.
Препорачано
Разговорот доаѓа по шпекулациите за романса меѓу Пауел и неговата колешка од филмот „Секој освен ти“ (Anyone But You), актерката Сидни Свини. Овие гласини, како што подоцна открија самите актери за „Њујорк тајмс“, биле намерно поттикнати заради маркетинг, стратегија што резултираше со неочекуван успех на филмот кој заработи над 220 милиони долари на светско ниво.
„Само сакав почит, особено ако сето тоа ќе биде јавно“, изјави Парис во поткастот, осврнувајќи се на медиумскиот вртлог околу Пауел и Свини. Иако не ги именуваше директно, епизодата беше најавена како приказна за „јавното распаѓање на четиригодишна врска со еден славен поранешен“.
„Само не прави од мене будала. Не прави будала од некоја личност со која си зборувал за заедничка иднина. Покажи барем малку достоинство. На крајот, ми беше кажано: ‘Работата е приоритет’. Ако е така, во ред, тоа е твое право, но јас морам да си одам. Она што најмногу болеше беше начинот на кој се справија со сè. Се чувствував како да ме фрлија на кучињата… Не беше психолошка манипулација, едноставно беше: ‘Ова морам да го направам поради работата’“, додаде Парис.

Во април 2024 година, по големиот успех на филмот, Пауел за „Тајмс“ изјави: „Сидни и јас се забавувавме многу, имаме неверојатна хемија. Публиката сака она што го гледа на екран да биде вистина и надвор од него, понекогаш мораш да го прифатиш тоа. И функционираше совршено. Сидни е многу паметна“.
Сидни Свини, која беше и продуцентка на филмот, додаде: „Сакавме активно да разговараме со публиката додека го промовиравме филмот. На крајот, тие ја создадоа целата нарација“.
Во поткастот, Парис откри дека „била скршена“ кога сфатила дека никој освен неа не сака да расчисти што е вистина, а што маркетинг. Раскажала како отпатувала во Австралија, каде се снимал филмот, и таму ѝ било кажано да не доаѓа на сетот.
„Ме повика и ми рече: ‘Продуцентите и јас мислиме дека е најдобро да не дојдеш.’ И тогаш го спуштив телефонот. Мислев дека можеби, кога ќе стигнам таму, нешто ќе се среди. Но по тој повик знаев, беше крај. Ја изгубив личноста што ја сакав“, сподели Парис.

По успехот на „Секој освен ти“, Пауел изјави дека со Свини активно бараат нов проект на кој повторно би работеле заедно.
„Испратете ни ги сите сценарија што ги имате. Сидни чита сè, и тоа со неверојатна брзина, таа е најбрзиот читател што сум го сретнал. Јас одам побавно, ама читаме сè и бараме што има потенцијал да го освои публиката“, рече актерот.