Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Барселона има „нов Јамал“: На само девет години постигна 100 гола на 27 натпревари

Ламин Јамал е еден од највредните фудбалери во светот и вистинска сензација откако со само 18 години успеа да ја освои фудбалската цена, а медиумите веќе пишуваат за нов бисер од академијата на каталонскиот гигант.

Станува збор за Дестини Косисо Еџиофор Џон кој е најмладит од тројца нигериски браќа кои моментално се дел од легендарната младинска академија на Барселона, а многумина веруваат дека токму Дестини би можел да биде новата ѕвезда.

Тој е фудбалер кој има само девет години и може да игра на повеќе позиции во средниот ред, се истакнува со неверојатни бројки. Имено, на само 27 натпревари минатата сезона тој постигна 100 голови.

Исто така од преминувањето во категоријата за фудбалери до 12 години зад своето име има 31 гол на 14 средби.

Покрај најавите дека тој е „новиот Јамал“ , дел од фановите поради стилот на игра го споредуваат и со Килијан Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот