Се урна авион во Индија врз станбен комплекс/Фото: Икс

ВИДЕО | Авион на „Ер Индија“ со 242 патници се урна во Ахмедабад

Моментот кога авионот на „Ер Индија“ се урна во Ахмедабад, Индија е снимен на видео кое ги обиколи социјалните мрежи.

„Боингот 787 Дримлајнер“ се урна утрово кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром „Сардар Валабхаи Пател“ на пат кон лондонскиот аеродром Гетвик.

Според „Индија тудеј“, во авионот имало 242 лица, од кои 230 биле патници и 12 членови на екипажот.

Првичните слики од инцидентот покажуваат запалени остатоци и густ црн чад како се издига кон небото во близина на аеродромот.

Авионот се урнал во станбена зона надвор од периметарот на аеродромот.

Првите слики од инцидентот го покажуваат хаосот што владее на местото на настанот, со горење остатоци и густ црн чад што се издига кон небото во близина на аеродромот.

Видеата, исто така, прикажуваат луѓе како ги носат на носилки и ги одведуваат со амбулантни возила.

Летот бил целосно полн со гориво за речиси 10-часовното трансатлантско патување, што ги направило и експлозијата и пожарот што следел по него поинтензивни.

Моментално нема официјална потврда за жртви, додека спасувачката операција е во тек.

„Ер Индија“ потврди дека летот 171 од западниот град Ахмедабад до аеродромот Гетвик во Лондон се урна во „трагична несреќа“.

„Со длабока тага потврдувам дека летот 171 на „Ер Индија“ од Ахмедабад до аеродромот Гетвик во Лондон денес беше вклучен во трагична несреќа “, изјави претседателот на „Ер Индија“, Натараџан Чандрасекаран, во изјава објавена од агенцијата АФП.

„Нашето длабоко сочувство им го упатуваме на семејствата и најблиските на сите погодени од овој катастрофален настан“, додаде тој, истакнувајќи дека е активиран центар за итни случаи и дека е формирана група за поддршка за семејствата кои бараат информации.

Авионот со лет за Лондон полетал од Ахмедабад околу 13:47 часот, малку доцнејќи со распоредот. Властите велат дека се урнал девет минути откако добил дозвола за полетување од контролната кула.

Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Индија издаде следно соопштение за индиските медиуми:

„Капетанот Сумит Сабхарвал е потполковник со 8.200 часа искуство во летање. Копилотот имал 1.100 часа искуство во летање. Авионот полетал од Ахмедабад во 13:39 часот по локално време од пистата 23. Тој испратил СОС сигнал до Контролната кула, но потоа не одговорил на повиците. Веднаш по полетувањето од пистата 23, авионот се урнал пред аеродромот. Густ црн чад се кревал од местото на несреќата .“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот