
ВИДЕО | Атовска од Украина: Русите се прегрупираат – го оставаат Киев, одат на исток
Специјалниот известувач од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска и денеска е во Киев и јавува за најновите случувања во земјата која повеќе од еден месец е цел на жестоки напади на руската воена машинерија.
Препорачано
– Украинците вчера извршија напад врз руски пограничен град, што според проценките е градот кој што служи за надоплнување на гориво на руските возила. Што се однесува до Киев, се прегрупираат руските трупи, јавува Атовска.
– Има зголемен број на напади на истокот. Жестоки борби се очекуваат во Доњецк, Луганск, околу Харков… Околината на Харков е едно од најнебезбедните места во Украина. Дефинитивно Русите ќе одат на истокот и ќе го остават Киев, вели Атовска за најновите случувања на теренот во Украина.
Во разговорот се вклучи и аналитичарот Дејан Андоновиќ кој зборуваше за украинскиот напад ноќеска на руска територија.
-Беше погоден склад со гориво во градот Белгород, на руско-украинската граница. Станува збор за втор напад на истото место. Овојпат нема повредени, и секако не е ова првоаприлска шега, тука вистина Украина ја нападна Русија и се обистинија оние „русофилски написи“ во српските медиуми дека Украина изврши напад врз руска територија, па Русија возврати, рече Андоновиќ.
Целиот извештај од главниот град на Украина погледнете го во видеото: