Фатон Асани, Агенција за управување со одземен имот
Фатон Асани, Агенција за управување со одземен имот / Утрински брифинг

ВИДЕО | Асани: Досието „Славија“ е прилично дебело и компликувано и предолго се чека на решение

Зовреа страстите кога се појави можноста да се продаваат акциите од „Славија“. Транзициските актери направија сѐ да се уништи трговскиот гигант.

Двајца обвинители кои не сакаа да покренат обвинение против директорите на „Славија“ подоцна станаа адвокати во судската постапка против нив. Досието „Славија“ е прилично дебело. Последниот директор на „Славија“, Кочовски од кого се одземени акциите, побарал замрзнување на продажбата на акциите. За овој случај во Утрински брифинг разговаравме со Фатон Асани, шефот на Агенција за управување со одземен имот.

-Од судот е побарана времена мерка од осудениот и ние мораме да ги почитуваме одлуките на судот и затоа времено ја запревме продажбата на Славија, вели Асани.

Дали грижата на запленетиот имот подразбира и грижа за тој имот.

-Агенцијата е сопственик на 4285 акции и може да понуди продажба на тие акции по цена од 51 евро номинална вредност определена во 2012 година, а компанијата си има управител кој секако дека се грижи за имотот, вели Асани.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!