Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

ВИДЕО: Арнаутовиќ погоди со фантастичен волеј, Интер обезбеди полуфинале во италијанскиот куп

Екипата на Интер се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија откако вечерва со 2:0 славеше победа над Лацио.

На теренот Лацио можеби изгледаше нешто подобро и создаде повеќе прилики за гол, но кога не ги искористија своите прилики, „нероаѕурите“ знаеа да казнат.

Арнаутовиќ пред крајот на полувремето го отвори резултатот со фантастичен волеј удар и обезбеди предност за својот тим на паузата. Во вториот дел Лацио продолжи да напаѓа, но без успех. Точка на натпреварот стави Чалханоглу на 15-тина минути до крајот со гол од пенал.

 

Во полуфиналето Интер го чека градскиот ривал кој во својот натпревар претходно ја елиминираше Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот