фото: EPA/JOEL CARRETT AUSTRALIA

ВИДЕО | Антони Марсијал официјално во мексиканскиот Монтереј

Францускиот фудбалер Антони Марсијал (29) официјално потпиша за мексиканскиот клуб Монтереј.

Напаѓачот ќе биде соиграч на легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Официјално потпиша договор со Монтереј кој ќе трае до 2027, со опција истиот да биде продолжен на уште една година.

Тој се приклучува на мексиканскиот клуб од АЕК Атина, каде што играше минатата сезона. Напаѓачот постигна седум гола на 19 натпревари во грчкото првенство.

Марсијал заработуваше рекордни 3,5 милиони евра годишно во АЕК, но не ги оправда високите очекувања и клубот бараше опција да се ослободи од него веќе некое време.

Французинот ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед со кој успеа по еднаш да ги освои ФА купот, Лига купот, ФА Комјунити Шилд и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот