ФОТО: Screenshot

ВИДЕО АНКЕТА | Загадувањето во Скопје е веќе неиздржливо, приморани сме да седиме дома

Веќе неколку денови по ред како воздухот во Скопје е опасен по здравјето на граѓаните. Според мерењето на квалитетот на воздухот, главен загадувач во Скопје во моментов се ПМ честичките, чија концентрација достигнуа и до 11,8 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Поради високото аерозагадување Министерството за животна средина и просторно планирање во саботата соопшти дека стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, па во моментов на сила се препораките за ослободување од работа на критично загрозените популации граѓани, реорганизација на работното време на лицата кои работат на отворено, откажување на спортски и културни манифестации на отворено и зголемена активност на итната медицинска помош.

Македонскиот главен град, со индекс на квалитетот на воздух од 166, на листата е заедно со градови од Индија, Кина и Пакистан кои се познати по лошиот квалитет на воздух. Според платформата во моментов аерозагадувањето во Скопје е штетно по здравјето, а ова го сведочат и Скопјани, кои пред камерата на „Утрински печат“ беа видно вознемирани.

– Очигледно мерките што ги има донесено Владата не се доволни, секој ден се гушиме … ова е неиздржливо!, истакна револтиран граѓанин.

– Не излегувам од дома, единствено на овој начин можам да се заштитам од преголемото загадување …, истакна уште еден анкетиран граѓанин.

Скопје и денес се најде на листата најзагадени градови, ден во кој престана да важи мерката за бесплатен автобуски превоз која беше воведена поради аерозагадувањето во главниот град. Одлуката на ЈСП да ја укине мерката за бесплатен автобуски превоз следува откако вчера Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека во главниот град престануваат да важат сите мерки и препораки за надминување на прагот на алармирање за загаденоста на воздухот.

Целосната анкета можете да ја проследите на следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот