ВИДЕО | Андоновиќ: Војните во Украина и во Газа – се комплицираат односите меѓу Русија и Израел
Од почетокот на војната со Хамас, на 7 октомври, и по влошувањето на билатералните односи со Москва, Израел престана да ја предупредува Русија за нејзините воздушни напади во Сирија.
Препорачано
Од почетокот на сириската граѓанска војна, Израел изврши десетици напади врз цели во Сирија што се под контрола на владата во Дамаск, како што се воздушните писти и сириските пристаништа, како и врз конвоите со оружје од Иран, наводно наменети за проиранскиот либански Хезболах, со цел да се спречи Иран да се зацврсти на нејзините северни граници.
Според медиумската куќа Блумберг, Израел не ја предупредил Русија пред неодамнешниот напад на сириската воена база во областа Даара, како и за нападот на складиштето за оружје и радарите во сириската база во која се наоѓале оперативците на Хезболах.
Пред војната, Израел ја известуваше Русија за да избегне случајно да погоди некоја од нејзините вооружени сили стационирани во оваа земја.
Од самиот почеток на војната против Хамас, официјална Москва го критикуваше Израел за постапките, а дури беше и домаќин на претставници на оваа милитантна група, која Израел, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација.

Помалку од три недели по бруталниот напад на Хамас врз Израел, водачите на милитантната група се појавија во Москва на разговори со руски претставници
За многумина на Запад, не само во Израел, посетата на делегацијата на Хамас беше шлаканица за семејствата на жртвите, повеќето цивили, и за разнишаната влада. Сепак, за внимателните набљудувачи на руската политика, ова не беше изненадувачки, туку повеќе е одраз на згрчениот пристап на Москва кон политиката на Блискиот Исток, оценува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик.
Дополнително, тука е проблематичната историја на Русија со антисемитизмот, која отворено избувна на 29 октомври во севернокавкаскиот град Махачкала, каде насилна толпа се обиде да нападне патнички авион што пристигнува од Тел Авив, барајќи еврејски патници за да ги линчува.
Никогаш добри, односите на Кремљ со Израел сега ќе станат уште покомплицирани по нападите на 7 октомври и копнената војна на Израел во Газа, каде што бројот на загинати меѓу палестинските цивили продолжува да расте.
Малку е веројатно дека насилството на толпата на аеродромот во Махачкала било оркестрирано од Кремљ, сметаат експертите според кои сепак нападот јасно покажува дека во Русија има длабоки корени на негативен однос и антисемитизам, особено во оние региони со мнозинско муслиманско население.
Токму ова расположение можеби токму сега и одговара на Русија да дозволи малку тоа да демонстрира непријателски однос кон Израел, смета дел од светските аналитичари.
„Антисемитизмот никогаш не исчезнал во Русија“, вели Ана Боршчевскаја, виш соработник во Вашингтонскиот институт кој се фокусира на руската политика кон Блискиот Исток. Секогаш одвреме-навреме ја на одреден начин даваше до знаење дека одредени региони во Руската федерација би можеле да демонстрираат излив на антисемитски испади,
Гледано во поширок контекст на турбулентниот Блиски Исток, тоа значи дека врските на Русија со Израел се менуваат на начин кој може да биде драматичен.
Дека Израел има комплицирани односи со Русија јавно потврди и Ејлон Леви, портпарол на кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Кој отпосле рече дека „Тоа не е ниту тајна ниту е вест“.
Нетанјаху, премиер со најдолг мандат на Израел кој го подели општеството, негува блиски врски со Владимир Путин, рускиот претседател со најдолг стаж. А Путин му се додворуваше на Израел во обид да ја зголеми регионалната моќ на Русија. Во своите мемоари од 2022 година, Нетанјаху го пофали интелектот на Путин и му се заблагодари за неговата проеврејска политика.

Но, растечките воени и економски врски на Москва со државите кои ветија дека ќе го уништат Израел ги заострија тие односи. Тие земји ги вклучуваат Иран или Сирија, за кои е познато дека им овозможуваат засолниште и им помагаат на групата организации непријателски настроени кон Израел.
Во Сирија, Русија има пристаниште и друга воена инфраструктура што ја користеше не само за зајакнување на режимот на Башар ал Асад, туку и за одржување на поморско присуство во Средоземното Море и за напад на американските сили распоредени во североисточна Сирија, борејќи се заедно со курдските милиции.
Израел и Русија успеаја да избегнат конфликт иако израелските воздухопловни сили рутински гаѓаа сириски локации, вклучително и аеродромот во Дамаск, каде што е познато дека транзитираат испораки со оружје и други резерви за милицијата Хезболах поддржана од Иран.
На 30 октомври, израелски воени авиони бомбардираа сириска база во јужната провинција Дара. И неколку дена претходно, израелски авиони нападнаа складиште за муниција во друга сириска база, каде што се наведува дека борците на Хезболах работеле заедно со иранските офицери и сириските трупи.
„Повеќе години Израел има механизам за координација со руското воено присуство во Сирија додека ние напаѓаме цели во таа земја, Иран се обидува да испрати напредно оружје на терористите на северот. И важно е нашите патишта да не се вкрстуваат“, соопшти тогаш портпаролот на израелската влада.

Односот на Москва со Техеран е уште попроблематичен за Израел.
Русија одигра клучна улога во помагањето на Иран да ги развие своите нуклеарни капацитети, профитабилен извор на приход за државната нуклеарна корпорација Росатом. И Москва и Техеран велат дека нивните напори се фокусирани исклучиво на мирно користење на нуклеарната енергија, производството на електрична енергија, иако тоа не ги намали стравувањата на Израел или некои во САД.
Сепак, инвазијата на Украина во 2022 година суштински ги промени односите, се вели во извештајот објавен во септември на Европскиот совет за надворешни односи.
„Двете земји ги зголемија напорите заеднички да се спротивстават на западните санкции и политичката изолација. Иран, исто така, продолжува да ја шири својата нуклеарна програма до алармантни размери, без противење од Москва“, велат авторите на извештајот.
„Придонесот на Техеран во воените напори на Русија направи огромна разлика во тоа како Русија истрајува во конфликтот. „Иран, кој некогаш беше играч од втор ред, сега е еден од најважните соработници во војната во Украина“, се вели во извештајот на Европскиот совет.
Русија во голема мера се потпира на Иран на полето на операциите со беспилотни летала, додека сега испраќа илјадници самоубиствени дронови или беспилотни летала за да ги надгледуваат целите на украинските сили, нешто на што главниот командант на украинската војска се осврна во текст објавен во „Економист“.
Непотврдени разузнавачки извештаи од западните агенции наведуваат дека Хезболах би можел да добие противвоздушен систем од Русија, што би донело дополнително масло на огнот.
Ништо од ова не остана незабележано на израелската страна.
„Во текот на изминатите неколку години, ние бевме длабоко загрижени за тоа што Иран ѝ испорачува на Русија, на пример, имаме докази дека иранските беспилотни летала се користат во злосторства против невини украински цивили, а тоа е однос кој очигледно многу не загрижува.“, изјави портпаролот на израелската влада.
Израел беше воздржан во критикувањето на Русија поради нејзината тековна инвазија на Украина и се спротивстави на испраќањето оружје или опрема на украинските сили.
Не е јасно колку инцидентот на аеродромот во Дагестан одразува пошироки социјални проблеми или негативни ставови кон Евреите. Но, во последниве години, антисемитската реторика од руските политичари е во пораст, вклучувајќи го и самиот Путин.

Минатата година руските власти ја затворија Еврејската агенција, официјална израелска организација која им помага на Евреите во Русија и ширум поранешниот Советски Сојуз да емигрираат во САД.
Некои Израелци го сметаа затворањето како казна за ставот на Израел за војната во Украина и критиките на тогашниот премиер Јаир Лапид.
Палестинската милитантна група Хамас, прогласена за терористичка група од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, изминативе години испрати неколку делегации во Москва, вклучително и во деновите по нападот на 7 октомври.
На оваа средба, како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, била повторена „непроменетата позиција на Русија за праведно решение на палестинскиот проблем“,а Москва одби да го означи Хамас како терористичка организација.
Израел, од своја страна, ја осуди Москва за угостувањето на делегацијата на Хамас, како и за посебната посета на заменик-министерот за надворешни работи на Иран.
„Зближувањето со Хамас е во согласност со историскиот образец“, напишаа Милан Черни и Ден Сториев во анализата за Карнеги фондацијата за меѓународен мир. „За време на Студената војна, Москва ги вооружуваше и на друг начин ги поддржуваше палестинските милитанти, вклучително и оние кои преземаа терористички акции, продолжувајќи дури и во екот на смирување на тензиите.
Сепак, како што велат, тешко дека Русија квалитативно ќе го поддржи Хамас, освен во реториката.
„Реалноста е дека за Москва, кризата на Блискиот Исток е можност да се наметне во регионот и поширокиот Глобален Југ како дипломатски партнер“, велат тие.
По нападот на Хамас врз Израел, Путин во својата прва јавна изјава за инцидентот ги обвини САД, велејќи дека нападот е „жив пример“ за неуспехот на политиката на Вашингтон на Блискиот Исток.
„Можам само да замислам дека односите со Израел ќе се влошат, бидејќи колку што Русија имаше одредена двосмисленост, амбивалентност во односите со Израел во минатото и сакаше да го зачува тој однос од многу причини. „Самата симболична природа на овој настан, плус оваа криза во Газа, мислам дека веројатно ќе се гледа во Москва како можност што треба да се искористи“, рече портпаролот на Нетанјаху.
„Од израелска страна, мислам дека ова нема да помине незабележано“, рече тој додавајќи дека треба да се обрне внимание до кој степен и како Русија ќе одржи привидна рамнотежа меѓу односите со Израел и Хамас?“