Анализа со Дејан Андоновиќ / Фото Слободен печат

ВИДЕО | Андоновиќ: Воени маневри на Балтикот, зголемен стравот од евентуален руски напад

Над 20.000 војници од 13 земји ќе учествуваат на маневрите на НАТО кои почнуваат ќе траат до 15 март во Финска, Норвешка и Шведска.

Финската армија најави дека повеќе од 4.000 нејзини војници ќе бидат вклучени во маневрите, што ќе биде најголемо учество на Финска во странски вежби.

Во април минатата година Финска стана дел од НАТО, а се очекува овој месец да му се приклучи и Шведска како 32-ра членка на алијансата, пренесува АП.

Во маневрите ќе бидат ангажирани војници од Белгија, Велика Британија, Канада, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Холандија и Норвешка. Шпанија, Шведска и САД, со учество на повеќе од 50 бродови, вклучително и носачи на авиони, и околу 100 авиони и хеликоптери.

Случајно или не, оваа воена вежба, се реализира во исто време кога се погласни шпекулациите дека некоја од војските на НАТО, па и самата алијанса би можела да влезе на украинска територија, стравувајќи дека Русија би можела по Украина да нападне и друга земја од ова опкружување

Од влегувањето во НАТО пред околу две децении, балтичките земји, Литванија, Летонија и Естонија, поранешни членки на Советскиот Сојуз, предупредија на опасноста што ја претставува Москва. Тогаш никој не ги слушаше, бидејќи западните сојузници беа фокусирани на конфликтите во Ирак и Авганистан. Но, како што се реализираше руската инвазија на Украина, челниците на земјите членки на НАТО, започнаа сериозно да ги земаат предвид стравувањата на овие три балтички држави.

А тие имаат само една порака: „Разбуди се! Ова нема да запре во Украина“, пишува „Скај њуз“, чии новинари патувале од североистокот на Естонија до југозападниот дел на Литванија и разговарале со војници, цивили и официјални лица кои се подготвуваат за војна за која се надеваат дека никогаш нема да се случи.

Естонија, Летонија и Литванија ги учат своите граѓани како да се борат и дури најавија планови за изградба на одбранбена линија – вклучувајќи бункери – долж стотици километри граница што ги дели нивните територии од нивниот многу поголем сосед.

Балтичките земји се меѓу најгласните поддржувачи на Украина и предупредуваат дека ако Москва воено го порази Киев, нејзин следен чекор најверојатно ќе се биде да ја тестира одбраната на НАТО.

Едно од најранливите места кое потенцијално би можело да биде цел на руски напад е градот Нарва кој се наоѓа на североисточниот дел на Естонија, веднаш до Русија.

Градот е поврзан преку мост наречен Мост на пријателство со рускиот град Ивангород.

Мостот е отворен за пешаци дури откако руските власти го затворија неговиот крај за сообраќај на почетокот на февруари поради градежните работи.

Како последица на сложеноста и историјата на регионот, повеќето од жителите на Нарва зборуваат руски, а некои се наклонети кон Москва. Ова го прави градот потенцијално ранливо место за каков било руски напад под алиби дека Русија ќе дојде да им помогне на руските граѓани кои живеат во Нарва.

Но, таквиот потег би предизвикал одговор на сојузниците според еден од основните принципи на НАТО – дека нападот врз еден е напад врз сите членки.

Во повеќето други делови на Естонија немаат симпатии за руската влада, вклучително и островот со околу 9.000 луѓе во близина на западниот брег на земјата. Командантите на НАТО веруваат дека островот Хјум може да биде уште една потенцијална цел за Москва во каква било војна со Западот, поради неговата стратешка локација во Балтичкото Море.

Многумина НАТО стратези стравуваат дека доколку руските сили би ја зазеле таа територија, тие потенцијално би имале можност да го блокираат пристапот до морето и да ги изолираат балтичките држави.

принтскрин гуггл мап

Со идентична опасност и чувство на несигурност се соочува и Летонија.

Во 2006 година, земјата стана единствената балтичка држава која го укина воениот рок, но минатата година повторно го воведе воениот рок. Исто така, планира да ја удвои големината на своите вооружени сили на 61.000 до 2032 година.

Во базата во југоисточна Летонија, во близина на границата со блискиот сојузник на Москва, Белорусија, регрутите поминуваат тринеделен курс за основна обука со Националната гарда, целосно волонтерска гранка на вооружените сили. Во време на војна, тие нудат поддршка на професионална армија.

Што се однесува на третата балтичка република Литванија, таа се граничи со силно утврдената руска енклава Калининград, која исто така дели граница со друга земја на НАТО, Полска.

Ова значи дека единствената рута за возила – како што се товарни камиони, патнички автобуси или автомобили кои одат од енклавата до континентална Русија – е транзит низ Литванија и Белорусија.

Сè уште има долга колона камиони на границата кои чекаат дозвола за влез во Литванија.

Беше прекината и комуникацијата меѓу граничарите од двете страни на долгата жичена ограда а граничарите од двете страни немаат никаква комуникација

Друго потенцијално место на конфликт е коридорот Сувалки, блиска патна рута долга околу 100 километри што го поврзува Калининград со Белорусија и се наоѓа помеѓу Литванија и Полска

Командантите на НАТО се загрижени дека доколку Русија го заземе коридорот, тоа ќе им овозможи да го прекинат по копнен пат пристапот на НАТО до балтичките земји.

– Сите балтички земји, Полска и другите земји од источното крило на НАТО прават многу за да ги искористат сите можности на колективниот одбранбен систем наречен НАТО. Но, ние исто така правиме м како држава зголемување на трошоците за одбрана и ја зголемуваме соработката со нашите соседи, порача неодамна литванскиот претседател Гитанас Наузеда.

Како што пишува „Скај њуз“, ова е причината поради која сè поголем број граѓани на Естонија, Летонија и Литванија волонтираат да служат воен рок во матичните армии.

Но, нивната способност да ја одвратат Русија може да зависи од тоа дали граѓаните и на другите сојузници ќе го следат примерот на балтичките држави, наведува „Скај њуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот